Човекот кој 7 месеци бил заглавен на аеродром, конечно има дом: Може да почне нов живот, а за сè е заслужна една жена

921

Бегалецот од Сирија, Хасан Ал Контар, пристигнал во Канада откако седум месеци минал на малезискиот аеродром, и уште два месеци во тамошен притвор.

Тој во 2006-та година ја напуштил родната Сирија и отишол да живее во Обединетите Арапски Емирати.

Меѓутоа, кога во 2011-та година во Сирија избила војна, требало да биде мобилизиран – а не сакал.

Во јануари 2012-та година му истекол пасошот, а со оглед на тоа дека не служел војска, не можел да го продолжи. Останал без работа.

Во јануари 2017-та година бил фатен во Обединетите Арапски Емирати без важечки документи.

Поранешниот колега му помогнал да добие пасош и го спасил од затвор. Емиратите сакале да го депортираат во Сирија, но Ал Контар побегнал во Малезија.

За своите искуства објавувал на социјалните мрежи, а понекогаш се шегувал на сметка на своите необични ситуации.

На Твитер почнале да го следат околу 20.000 луѓе, а неговиот случај привлекол меѓународно внимание.

Така добил понуда од Канада. Лори Купер му понудила сместување во својата куќа во Вислер. Таа со група мештани понудила помош, а се здружила со Муслиманското здружение Бритиш Колумбија, но собирањето на папирологијата траело со месеци.

Додека сето тоа се одвивало, Ал Контар бил одведен во малезиски притвор. Му се заканувала депортација во Сирија. Во притвор останал два месеци.

Му била понудена и работа во еден хотел во Вислер, на полно работно време.