Мадона повторно ја откопала воената секира и ја нападнала Лејди Гага. Овој пат не ја обвинила дека ја копира нејзината музика, туку за нејзината изјава која е дури 30 години стара.
Имено, ако во последно време барем малку сте ја пребарувале Лејди Гага на интернет, сигурно сте виделе дека во секое интервју поврзано со филмот „Ѕвездата е родена“, Гага ја повторува истата изјава: „Во една просторија може да има 100 луѓе од кои 99 не веруваат во вас, но тој еден кој верува, може да ви го промени животот“.
Поради честото повторување, оваа изјава стана главна инспирација за шеги и креирање на мемиња, а направени се и компилации од интервјуа на Гага, во кои тоа го кажува.
Сепак, изгледа дека на Мадона тоа не ѝ е нималку смешно. Имено, пејачката смета дека Лејди Гага ја украла оваа изјава од неа, а притоа реферирала на нејзини зборови од едно интервју од 80-те: „Ако овде има 100 луѓе и 99 велат дека им се допаѓа мојата работа, ќе се сетам само на таа една личнст која тоа не го рекла.“
Видеото во кое тоа го зборува, го објавила на Инстаграм-стори, а набрзо нејзиниот револт станал хит и на Твитер.
WOW — Madonna: "There's 100 people in a room…" pic.twitter.com/nBDt13kk79
— Jarett Wieselman (@JarettSays) December 2, 2018
Иако се работи за различни изјави, односно за тоа дека Лејди Гага можеби пронашла инспирација во зборовите на Мадона, за да ја смисли својата изјава, сепак Мадона својата колешка во целост ја смета за неоригинална личност и не дозволува нешто да помине незабележано.
Засега, Лејди Гага не се огласи на овие гласини, на кои веројатно и не им придава големо значење.