Огромна штета: Од фабрика се излеал еден тон течно чоколадо, улиците биле преплавени

794

Пожарникарите од германскиот град Верла во понеделникот навечер добиле невообичаен повик за помош – да исчистат еден тон течно чоколадо од улиците.

Имено, од резервоарот на локалната фабрика за чоколада, поради технички проблеми се излеал еден тон течен сладок десерт.

“Околу еден тон течно чоколадо се излеало во дворот на фабриката за производство на слатки, а потоа густата слатка маса се излеала и на улицата”, изјавил гласноговорникот на пожарникарската служба на градот Верла.

Пожарникарите биле присилени да затворат дел од градот и со пожарникарско црево да ја исчистат “чоколадната река” од улицата.

“И покрај незапаметената трагедија која го погоди нашиот град, Верла нема да остане без чоколадни бонбони, чоколади и останати десерти за време на божиќните празници”, изјавил со насмевка еден од пожарникарите.