Кин има интересна изјава: Јунајтед од 1999 година со 1:0 ќе го „среди“ овој Ливерпул!

827

Најтрофејниот капитен во историјата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, даде свое видување по победата на Ливерпул во големото дерби вчера.

Тој веројатно се обиде да биде духовит, или да го подигне ривалството на едно уште поголемо ниво, со изјавата која ја даде по натпреварот.

Јунајтед вчера загуби со 3:1 а според зборовите на Кин тоа можеше да биде многу полошо.

Не сум изненаден, дури го очекував ова, па и полошо можеше да биде во финишот од средбата. Би сакал да кажам дека нашата генерација од 1999 година, би ја победиле оваа екипа на Ливерпул со 1:0“.

Коментаторот во студиото го праша Иренцот, само 1:0?

Па да, затоа што сите сме над 40 години. Верувам дека ќе ги победиме 1:0 сигурно“, констатира Ирецот.