Петнаесет годишно момче од Украина починало откако се фрлило од зграда со падобран кој тој сам го направил.
Застрашувачката снимка го прикажува Богдан Фирсов на врвот од зградата како се подготвува за скок од 14-ти спрат, додека куп луѓе стоеле и гледале. Меѓу набљудувачите кои го охрабрувале да скокне, била и неговата мајка.
Еден од сведоците вели дека никој од набљудувачите не се обидел да го предомисли од намерата или да повика полиција да го спречи да скокне, туку само стоеле и снимале.
Boy, 15, leaps to his death as his mother cheers him on when homemade parachute fails to open https://t.co/c24eeMLCKm
— Daily Mail Online (@MailOnline) December 17, 2018
„Луѓето повеќе не се човечки суштества, тие го загубија сиот разум“, рекол тој.
Момчето стоело на ивица неколку минути, а потоа ги раширило рацете и скокнало. Падобранот не се отворил целосно и тој во висина од 50 метри паднал на грбот и останал мртов на лице место и тоа пред очите на шокираната мајка.
Експертите велат дека ова била самоубиствена акција, бидејќи и падобранот да се отворел, момчето немало да преживее.
Тие тврдат дека за скок со падобран е потребна најмалку висина од 70 метри, или зграда од 25 спрата, но и тогаш би било ризично.
Иако Богдан имал кацига, а пред зградата имало заштитна подлога, момчето починало на лице место.