3 илјади авиони против Русија! Москва објави неверојатни податоци за активноста на воените авиони на НАТО

894

Во текот на оваа година, против-воздушната одбрана на Русија детектирала и следела дури 3 илјади странски борбени авиони, од кои повеќе од илјада биле извиднички авиони, откриваат од руската армија.

Точниот број на странски воени летала го објави командантот на руските воздушно-вселенски сили, генерал Андреи Кобан.

„Во текот на 2018-та година, нашите единици детектирале и надгледувале повеќе од 980 илјади мети, меѓу кои има и 3 илјади странски авиони, вклучувајќи шовеќе од илјада извиднички авиони“, изјави Кобан.

Истовремено, рускиот генерал истакна дека единиците за воздушна одбрана биле ставени во состојба на борбена готовност повеќе од четири илјади пати.

Според неговите зборови, руските против-воздушни единици детектирале и следеле повеќе од 5 илјади летечки објекти дневно, од кои 2,500 биле странски. Околу 20 илјади воени единици секојдневно биле во состојба на борбена готовност.

Претходно беше откриено дека руските власти детектирале 16 странски летала во близина на руските граници. Руските авиони два пати во тој период пресретнале странски авиони и ги спречиле да влезат во руски воздушен простор. Сепак, присуството на странските летала и активноста во близина на руските граници е се почеста. Само во текот на овој месец биле забележани 17 воени летала на странски земји во близина на границите.

Руското министерство за одбрана редовно известува за странските авиони кои што летаат во близина на националните граници. Иако константно властите од Москва повикуваат меѓународните партнери да ја ограничат оваа активност, сепак бројот на летови на извидничките авиони продолжува да расте.