(ФОТО) Урнебесно – македонски третолигаш до Мурињо: Дојди си кај нас, ќе бидеш шампион

810

Веќе од претходно пишувавме за ГФК Осогово и нивните активности на социјалните мрежи, пред се на Твитер. За оние кои прват се среќаваат да кажеме дека ова е македонски фудбалски третолигаш кој е есенски шампион во Третата лига Исток.

Клубот веќе година дена иако е нисколигаш, работи професионално на полето на маркетингот и социјалните мрежи, а поседува и сајт.

Админот на профилот на „Твитер“ продолжува да импресионира, а во најновата креација го покани Жозе Мурињо по отказот во Јунајтед,  да дојде до Кочани.

„Мурињо, дојди си кај нас. Нема што да загубиш бидејќи сигурно ќе бидеме шампиони, а патем ќе го научиш македонскиот јазик“, пишува во твитот на ГФК Осогово.