Апокалипса на Волстрит! ФЕД со одлуката ги потопил сите надежи: Најлош декември од големата депресија

703

Индексите на Волстрит потонале откако Федералните резерви ги зголемиле каматните стапки и тоа по четврти пат оваа година.

Индексот “Daw Jones” паднал за 351 поен и се доближил до најниското ниво оваа година, “S&5 500” изгубил 1,5 проценти додека “Nasdaq” изгубил дури 2,1 проценти и паднал на најниско ниво оваа година со загубата на “Apple” од 3 проценти.

Заедно со оваа последна корекција, “Daw Jones” и “S&5 500” се на пат да го забележат најлошиот декември уште од големата депресија во 1931-ва година. Досега овој месец бележи пад од 8 односно 9 проценти. S&P 500 е моментално на минус 6,3 проценти во 2018-та.

Федералните резерви ја кренале клучната краткорочна каматна стапка четврти пат оваа година, во обид да ја смири инфлацијата по повеќе од месеци стабилен раст на вработеноста.

Службениците на Федералните резерви едногласно ја усвоиле одлуката за зголемување на меѓубанкарските каматни стапки од 2,25 на 2,5 проценти.

Во соопштението е наведено дека пазарот за работа продолжува да зајакнува, а дека инфлацијата е поголема од зацртаните два проценти.

Овој пат изјавата е малку променета во однос на претходните месеци, со оглед дека се наведува очекување на “некои” постепени зголемувања на каматните стапки, што навестува помали зголемувања во иднина.