Игор Југ му се обрати на еден од обвинетите: “Што се криеш како п**ка под кошула?”

1335

Пред почетокот на денешното судење за нападот во Собранието на 27-ми април, во големата судница во Основниот суд Скопје 1 настанала тензична ситуација.

Обвинетиот Игор Југ, за кого Собранието веќе го класираше во тие кои носеле оружје, а за кои нема да има амнестија, се обрати кон еден од тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

“Што се криеш како пи**а под кошула?”, му рече обвинетиот Југ на еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во постапката.

Ваквата бурна реакција на обвинетиот Југ ги исправи на нозе судската и затворската полиција, како и присутните припадници на “Aлфите” кои ја смирувале ситуацијата.