Има ли нешто поубаво од тоа кога домот ќе замириса на цимет и топли колачи?
- 500-600 грама брашно
- 150 грама маргарин
- 50 грама маст
- 4 јајца
- 200 милилитри јогурт
- кора од лимон
- 1 прашок за печиво
- 150 грама шеќер
- 100 грама шеќер во прав
- 1 ванилин шеќер
За филот
- 700 грама кисели јаболка
- 2 банани
- 50 грама млечно чоколадо
- 100 грама мелени ореви
- цимет
Приготвување:
Изматете го маргаринот и маста со шеќер во прав, додајте ванилин шеќер, кора од лимон и јајца па повторно изматете со миксер.
Во чинија ставете брашно, додајте јогурт и изматениот маргарин. Додајте го остатокот од брашното со прашокот за печиво и замесете тесто.
Развлечете потенко тесто и направете крофни. Обложете го дното на калапот за мафини со една крофничка. Изрендајте ги јаболката, додајте шеќер и цимер. Исечете ја бананата на кругови.
Полнете ги мафините со ренданите јаболка што сте ги исцедиле малку, ставете озгора круг од банана и половина коцка млечно чоколадо.
Покријте ја крофната со другиот дел од тестото, па со прсти притиснете ги рабовите. Вклучете ја рерната на 200 степени Целзиусови и печете 40 минути. Наросете ги испечените мафини со шеќер во прав.
Уживајте во миризливите и меки мафини!