Руската телевизија “Ѕвезда” објавила нови снимки од тестирањето на рускиот хиперсоничен систем “Авангард”.
Освен лансирањето на ракетата, чија видео снимка ја објавило министерството за одбрана, на филмот има и снимки од Националниот центар за управување со одбрана.
Ракетните проби се одржани на 26-ти декември во присуство на претседателот на Русија, Владимир Путин. Ракетата е лансирана од Домбаровск, на условна мета на полигон на Камчатка.
Се очекува дека првиот пук на системот од блокот “Авангард” ќе стапи на борбена должност во Домбаровската дивизија во 2019-та година.
“Авангард” е мобилен ракетен систем за стратешка намена со интерконтинентални балистички ракети, способни да минат голема далечина со брзина на светлината.