Џони Деп се повлекува од јавноста поради болест?!

1046

Славниот глумец Џони Деп донел одлука да се повлече од јавноста, барем на некое време. Неговите обожаватели ширум светот се во шок и неверување, но Џони Деп очигледно е болен.

Холивудскиот заводник Џони Деп, бил фотографиран од страна на папараците во едно не толку завидно издание. Тој е слаб и блед на фотографиите, па затоа почнаа да се шират гласини дека глумецот е болен.

Меѓутоа неговиот претставник за односи со јавноста, демантираше дека овие шпекулации не се вистинити и дека Џони се чувствува одлично. Сепак и покрај тоа, тој донел одлука да се повлече од јавноста на одреден период, пренесуваат тамошните медиуми. Деп ќе се појавува само на однапред закажани концерти и снимања, што е потврдено и соопштено од неговата ПР служба.