Возачот на автобусот “Ниш Експрес”, М.З. (31) кој после судирот со воз на преминот во Долно Меѓурово загинаа седум лица, а повредени се уште 32 патници, беше сослушан во Основното јавно обвинителство после што му биле одредени 30 дена притвор.
Според неофицијални сознанија, возачот се бранел дека постапил според правилата на сообраќајот, дека застанал пред преминот и погледнал лево и десно за да се увери дали доаѓа воз. Наводно дури кога тргнал, изненадно налетал воз.

Меѓутоа, изјавата на возачот е демантирана од снимка од камерата на автобусот на која се гледа дека во моментот на преминување преку пругата не погледнал ниту лево ниту десно, туку само право.
Возачот се сомничи дека направил тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај од член 297 став 4 за кој се доделува казна затвор од една до осум години.