Холивудската глумица со предизвикувачка фотографија испрати порака: “Грижете се за своето тело”

821

Холивудската глумица позираше гола насред пустина и испрати моќна порака до сите луѓе.

Имено, Хали Бери е позната по здравата исхрана и тренирањето, па витката фигура ја искористи за да ги предупреди луѓето да се грижат за своето тело. Глумицата позирала гола насред пустина и ова предизвикувачко издание го покажа на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, каде доби пофални зборови и голема поддршка.

“Грижете се за своето тело, бидејќи тоа е единственото место каде мора да живеете”, напиша под фотографијата.

Инаку, оваа фотографија е снимена на почетокот на ноември, кога Хали отпатува во Африка, каде го снимаше својот филм “John Wick 3” со колегата Кијану Ривс.