Лин Бекам Бригс, сестрата на славниот фудбалер Дејвид Бекам се нашла во тешки финансиски проблеми, а дел од парите одлучила да ги собере распродавајќи детски работи по пат на Фејсбук.
Лин Бекам Бригс (47), постарата сестра на фудбалерот, чие богатство се проценува на 339 милиони фунти, успеа да биде во фокусот на британската јавноста кога на својот Фејсбук профил започнала да продава веќе половна детска облека. И сето тоа за неколку фунти.
Британските медиуми откриле дека сестрата на Бекам е во тешки финансиски проблеми, додека пак Дејвид неодамна организираше новогодишна забава за која потроши околу 30.000 фунти па многумина се прашуваат зошто славниот брат не ѝ помогнал.
Но, изгледа дека Бекам не сака да се меша во константните проблеми на неговата сестра на која веќе ѝ помогнал неколку пати. Пред речиси 10 години ѝ купил куќа за 250.000 фунти, а која денес се проценува за 470.000 фунти.
Лин во 1999 година се омажила за Колин Евери со кој има три деца, а на венчавката присуствувал и Дејвид Бекам. Парот се разведе во 2011 година, а после тоа венчаницата ја продала преку eBay за само 5,50 фунти. Набрзо нашла нов партнер по име Кевин Бригс, кој завршил во затвор, а таа морала да продолжи со продажбата на семејните работи вклучувајќи го и нивниот автомобил.