Товарен авион “Boeing 707” се урнал со 10 членови на екипажот и паднал на територија на Иран.
Се претпоставува дека причините за падот на авионот се многу лошите временски услови, пренеле локалните медиуми.
Авионот почнал да губи висина при доближувањето на аеродромот во Карај, западно од Техеран.
جدیدترین تصویر از سانحه بوئينگ٧٠٧ pic.twitter.com/1ZHSjqgRpm
— خبرگزاری فارس (@FarsNews_Agency) January 14, 2019
Авионот полетал од Бишкек во Киргистан, носејќи товар и 10 членови на екипажот. Новинската агенција “Fars” известила дека леталото ја промашило пистата и се урнало на оградата.
Спасувачите моментално излегле на терен, и пратени се хеликоптери за спасување. Уште не е познато дали некој од екипажот ја преживеал несреќата.
??سخنگوی سازمان هواپیمایی کشوری: هواپیما قرقیزستانی و از نوع بوئینگ باری ۷۰۷ بوده است که به هنگام فرود در فرودگاه فتح از باند خارج شده و دچار حادثه شده است pic.twitter.com/YWw9UJRo1E
— خبرگزاری فارس (@FarsNews_Agency) January 14, 2019