Вујовиќ „удри“ по Раул: Изгледа како едвај да чека да заврши Светското првенство

746

Македонија вчера забележа убедлив пораз од Хрватска со 22:31, а Веселин Вујовиќ во својата најнова колумна за „Балкан Хендбол“ изнесе голем број критики за селекторот на македонската репрезентација Раул Гонзалез.

Миленикот на македонската публика и некогашен селектор на нашата репрезентација го обвини актуелниот селектор дека не е доволно фокусиран на националниот тим.

„На Македонците им недостасуваше се, се изгубија. Раул како повеќе да не е тука. Сепак, секогаш делува опуштено на клупата на репрезентацијата и ПСЖ, мене таквиот однос не ми одговара, без оглед на тоа каков стручњак е. Мене ми се чини дека тој едвај чека сето ова да се заврши и да се посвети на својата работа во Париз, како Македонија да му е попатна станица…“, вели Вујовиќ и додава:

„Хрватска одигра навистина добро. Го имаа расположениот Шего, одличниот Дувњак кој ги држеше сите конци од играта во свои раце, расположени бекови, играа добра одбрана. Многу им помогнаа Македонците со својата тактика со двајца пикери каде ја вратија цврстата, висока и бавна одбрана на Хрватите назад. Си ја завршија работата, ги очекува меч со Шпанците за првото место во групата. Едвај чекам да го видам тој натпревар“, заклучи Вујовиќ.