41 – годишната турбо-фолк ѕвезда често ги менуваше партнерите
Познатата српска пејачка, Јелена Карлеуша, има богато искуство кога се работи за изборот на мажи. 41 – годишната турбо-фолк ѕвезда често ги менуваше партнерите.
Во средината деведесеттите години, Јелена беше во врска со еден од водачите на Земунскиот клан Зоран Давидович-Чанда. Чанда беше уб*ен враќајќи се од погреб, а Јелена скршена од болка му посвети песна.
Во 2002 година Јелена сними албум за продуцентската куќа „БК саунд“ кога се запозна со еден од наследниците на богатата империја Кариќ, Бојан.
Брзо стапија во брак, но уште побрзо се разведоа,. Јелена тогаш изјавуваше дека причина за разводот се разликите во карактерите.
По Бојан, Јелена беше во врска со контроверзниот бизнисмен Владан Мариќ кој беше познат по врската со хрватската старлета Нивес Целзиус.
Среќата во љубовта ја најде во 2007 година кога го запозна фудбалерот Душко Тошиќ. Таа е седум години постара од него и Душко кога се запознале ја излажал дека има 26 години а не 20. Од бракот со Душко имаат две ќерки Атина и Ника.
Барем во јавноста со нивната љубов се беше во ред се додека не изби скандалот со анонимниот фудбалер Огнен Врањеш. Иако тие се уште објавуааат заеднички фотографии на кои се гледа дека нивниот брак не е загрозен, многу од медиумите објавија дека Душко подготвува развод.