Рио Фердинанд се отвори: Пиев по 10 пива, па се префрлав на вотка, на некои делови од кариерата не се сеќавам

785

Последните години беа навистина тешки за Рио Фердинанд и неговите три деца. Прво во 2015. година од рак му почина сопругата Ребека Елисон. Во летото 2017. година почина и мајката Џенис Сент Форд, исто така од рак. Не е ни чудно што Фердинанд на крајот се насочи кон невообичаени методи со кои сака да ја спречи можност децата да му преживуваат вакви трауми повторно.

„ДНАфит“ се нарекува неговиот последен „изум“. Не е баш дека Рио го измисли, но го промовира. Станува збор за пакетче чија задача е на основа на вашата ДНК да покаже што би требало да јадете и како да тернирате за што е можно подолго да живеете. Ни тоа не треба да го премолчи, имал Фердинанд и претходно слични потфати, умеел да ними документарец за смртта на сопругата со цел да им помогне на луѓето во слични ситуации, напиша и книга на истата тема, потоа покрена сопствена модна линија, работеше како ТВ коментатор, додека во последно време предводи кампања против излегувањето на Велика Британија од ЕУ и против користењето на ножеви во уличните тепачки.

Интересен живот, иако некој ќе каже дека не е ни одблиску интересен каков што бил на почетокот на кариерата. Промовирајќи го „ДНАфит“ Фердинанд во интервју за „Гардијан“ мораше да се осврне и на играчките денови. Со оглед на тоа дека научниците се уште немаат утврдено дали „ДНАфит“ е вистинска работа, а не измама, Рио употреби малку од својот шарм…

„Им верувам, да го имав ова ќе играв подолго, ќе имав барем 100 натпревари за Англија“, вели Фердинанд.

Со помош на својот соработник Авром Ласаров оди и чекор понатаму, па вели дека сега знае да испие една чаша вино дневно, бидејќи алкохолот во умерени количини би можел да му го зголеми нивото на добар холестерол. Признава сепак дека на почетокот од кариерата и тоа како знаел да претера со алкохолот.

„Пиев многу кога бев помлад. По осум, девет, 10 кригли пиво. Тогаш се префрлав на вотка“, се смее Фердинанд.

„Можев да пијам цел ден, да легнам, да се разбудам и се од почеток. Кога бев помлад. Сега кога ме прашуваат дали за нешто жалам, сам велам дека не би пиел алкохол. Бев лудак. Додека играв за Вест Хем… Цели делови од кариерата едноставно ми се замаглени. Луѓето зборуваат за некои игри, некои резултати, а јас седам покрај нив и климам со главата, немам поим за што говорат бидејќи на ништо не се сеќавам“.

И тогаш сепак имало ограничувања, на пример, не пиел пред мечевите.

„Не, секогаш после натпреварите. Сабота или недела. Таква беше културата во Вест Хем. Фудбал и пијачка во ноќен клуб. Тоа се подразбираше“.

Во Манчестер Јунајтед приказната е многу посериозна. Таму во текот на сезоната не смеело да се пие. А кога ќе дојде одмор…

„Летно време пиев по две недели без престанување“.