Еден државјанин на Албанија повеќе од 25 години се наоѓа во процес на приватизација на својот имот, а овие денови на интернет кружи снимка од понудата која му ја дала една службеничка во министерството за финансии на Албанија.
На снимката која овие денови протекла се гледа како службеничката Мона Аликај му нуди помош, но не на начинот на кој се надевал.
Таа на снимката му објаснува дека може да го реши неговиот случај за 6.000 евра, но дека министерот за финансии сепак бара повеќе од 8.000 евра.
“Случајот кој трае повеќе од 25 години, ќе биде решен за 5 месеци, може?”, му рекла таа на снимката.