Џон Траволта искрено за смртта на својот син: „Ја пребродев трагедијата благодарение на Сајентолошката црква!“

875

Траволта признал дека смртта на синот е најлошото нешто што му се случило во животот и дека не знаел дали некогаш ќе ја преброди оваа загуба

Покрај богатата кариера, семејството секогаш му било на прво место на актерот Џон Траволта, а тешките животни периоди ги пребродил благодарение на Сајентолошката црква.

Славниот 64-годишен актер признал дека Сајентолошката црква му помогнала да се соочи со трагичната смрт на 16-годишниот син Џет во 2009 година.

Загубата на синот била најлошата работа што му се случила на Траволта и тој признал дека не знаел дали некогаш ќе успее да ја преброди оваа загуба.

Неговото најстаро дете кое се борело со аутизам и со вирусот Кавасаки, доживеало напад за време на семејниот одмор на Бахамите. За време на нападот, 16-годишниот Џет доживеал удар на главата, кој на крајот се покажал како кобен.

„Црквата никогаш не нè напушти во тие две години. Не знам дали би преживеал без нивната поддршка. Нашата црква е единственото нешто што нè држи приземјени“, признал Траволта.

По несреќниот настан, за Џон Траволта и сопругата Кели Престон семејството станало најголем приоритет.

„Нашите деца се нашиот најголем интерес во животот. Нивната иднина ни е најважна“, открил Траволта кој започнал врска со актерката Кели Престон откако се запознале на сетот на филмот „The Experts“ од 1989, а две години подоцна стапиле во брак.

Џон и Кели се родители на 18-годишната ќерка Ела и 8-годишниот син Бенџамин.

„Тие се паметни деца и добро напредуваат, бидејќи се охрабрени да го применуваат она што го научиле. Ела заработува за живот како актерка и многу сме горди на неа“, открил Траволта чија ќерка неодамна завршила со снимање на криминалистичкиот филм „The Poison Rose“ во друштво на актерите Брендон Фрејзер, Морган Фримен и татко ѝ.