Тимот на Леброн против тимот на Адетокумбо – Познати се Ол Стар петорките, не и составите!

805

Промената на тиовите, но и конференците суштински ништо не промени во Ол Стар статусот на Леброн Џејмс, бидејќи заедно со Јанис Адетокумбо е избран за капитен на престојниот меч на најголемите ѕвезди во НБА лигата во Шарлот на 17. февруари.

Покрај капитените на двата тима, одредени се и стартните петорки, но не и како тие ќе изгледаат. За потсетување, Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо ќе има можност да ги бираат своите петорки без оглед на конференцијата во која играат на Ол Стар, на драфтот кој ќе биде одржан на 7. февруари. Без никакви ограничувања. Во вториот круг на Драфтот тренерите на двата тима ќе ги бираат резервите од кругот на 14 играчи, а нивниот состав ќе биде откриен на 31. јануари.

Покрај Леброн Џејмс, од Западот во стартните пет се избрани и Стеф Кари, Кевин Дурант, Пол Џорџ и Џејмс Харден, додека на Истокот покрај Адетокумбо се уште и Каваи Ленард, Кајри Ирвинг, Џоел Ембид и Кемба Вокер. Минатата година Адетокумбо, Ембид и Ирвинг беа стартери од Истокот, додека Леброн и Џорџ влегоа во друштво на Кари, Дурант и Харден.

Леброн Џејмс, инаку, 15. пат по ред се појавува на мечот на најголемите ѕвезди на светската кошарка, исто толку пати бил и стартер, со што се израмни со Коби Брајант.

За потсетување, стартните петорки се бирани на основа на гласовите на навивачите, новинарите и играчите. Истиот принцип се зема предвид и кога ќе се намали кругот за 14 резервисти на двете страни.