Се фалел дека убивал по тројца луѓе дневно: Се појавиле шокантни детали од судењето на американскиот маринец обвинет за грозни злосторства во Ирак

696

Се појавиле нови детали од случајот со американскиот војник, Едвард Галагер, шеф на специјалните операции на американските фоки кој е обвинет за воени злосторства во Ирак во текот на борбите со ИСИС.

Галагер е обвинет дека убил повеќе ирачки цивили и воени заробеници, а дури седум фоки добиле имунитет од кривично гонење во замена за сведочење против својот колега. 

Галагер е обвинет дека го убил веќе ранетиот 16-годишен милитант на ИСИС, додека болничарите се обидувале да го спасат, и тоа така што со нож го забил во врат.

Обвинителите, освен седумте “фоки”, ќе повикаат и 13 дополнителни сведоци за ова убиство кое се случило во мај 2017-та година во ирачки Мосул, каде со месеци се воделе жестоки борби меѓу ИСИС и ирачката војска, која била поддржана од меѓународната коалиција предводена од САД.

Адвокатите на одбраната побарале од судијата на воениот суд, морнаричкиот капетан Ерон Руг, да ги изземе наводите дека Галагер се фалел колку луѓе убил во Ирак.

Обвинителите велат дека тој високо одликуван снајперист и болничар убил невини луѓе во Ирак, каде бил распоредуван осум пати. Ако биде прогласен за виновен, му се заканува доживотен затвор.

Како што пренесува “LA Times”, сведоците рекле дека Галагер се фалел дека убил и до 200 луѓе во текот на престојот во Ирак. Еден сведок рекол дека Галагер се фалел дека тој ден убил три лица, и дека не може да го пресмета точниот број на луѓе.

Одбраната тврдела дека инцидентот од 3-ти мај 2017-та почнал кога американски дрон со два проектили погодил куќа во Мосул, во која се криел тинејџер-терорист од ИСИС. Командосите го ставиле терористот во возило и го одвеле кај тимот на Галагер, а самиот Галагер, инаку и болничар, почнал да го лечи.

Галагер потоа го избодел во врат, а потоа наводно и позирал со неговиот леш.

Барем еден сведок тврди дека неговите повреди не биле сериозни пред Галагер да го убие. Освен тоа, обвинет е и дека застрелал два цивила, старец и девојче, и дека неселективно пукал на цивили во Мосул. Еден сведок тврди дека Галагер му рекол дека е “во ред да се убиваат жени”. Галагер се изјаснил како невин по сите точки на обвинението.