ПСЖ ја најде замената за Нејмар и тоа во Челси

724

На последниот ден од јануарскиот преоден рок, ПСЖ ќе се обиде да најде играч кој ќе може да го замени повредениот Нејмар.

Бразилецот ќе отсуствува 10 недели поради повредата на стапалото, а на „светците“ им е потребен играч за двомечот против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите. Наводно, изборот паднал на Вилијан за кого ПСЖ испратил понуда и се очекува денеска да бидат финализирани преговорите.

ПСЖ веќе го донесе Леандро Паредес од Зенит за 45 милиони евра, а со Вилијан е добро тоа што може да игра во Лигата на шампионите бидејќи Челси не беше дел од тоа натпреварување сезонава.