Верувале или не: Ким наредил секој граѓанин да му испорача по 100 килограми измет дневно!

847

Ким Јонг Ун, лидерот на Северна Кореја донел одлука – секој граѓанин мора да достави по 100 килограми измет дневно со цел земјата да се справи со недостатокот на ѓубриво.

Владата на Пјонгјанг издаде декрет според кој секој способен граѓанин треба да произведе по 100 килограми измет дневно, а тоа ќе се користи како ѓубриво со цел да се „стартува“ неефикасниот земјоделски сектор. Ким во своето новогодишно обраќање порача дека земјоделството ќе биде примарниот инструмент на економската реконструкција на земјата.

„После говорот на Ким, целата популација е мобилизирана да произведе ѓубриво како прва голема задача оваа година. Властите во секој регион со фабрики, институции и слично, на граѓаните им дадоа квоти кои се однесуваат на секој поединец. Се бара секое лице дневно да произведе по 100 килограми човечки измет, односно околу три тони месечно“, изјави извор од провинцијата Северен Хамјонг, пренесува „Радио Слободна Азија“.

Сепак, со оглед на тоа што е практично невозможно човек да произведе толкава количина на измет во текот на еден ден, од севернокорејската влада им наложиле на граѓаните тоа да го надополнат, така што ќе соберат шталско ѓубриво.

„Повеќето од луѓето не можат да соберат толку измет, па даваат колку што ќе можат. Квотите се секако бесмислени“, изјавил истиот извор за споменатиот медиум.

„Властите ги охрабруваат луѓето да произведуваат повеќе ѓубриво, нагласувајќи им дека тоа е витално за земјоделскиот сектор, а со самото тоа и за социјалистичкото движење во земјата. Луѓето сепак се лути и го критикуваат режимот дека намерно се поставени толку големи квоти со цел да плаќаат во готовина“, пренесува „Радио Слободна Азија“.