Поради енормното загадување на воздухот во Скопје во изминатите неколку месеци еко-активистите од движењето „За чист воздух“ и група на граѓани, денеска одржаа протест пред депонијата Дрисла.
„Ова е еден од најсериозните проблеми за Скопје и цела држава. Дојдовме како една натпартиска заедница во име на движењето „За чист воздух“, да дадеме глас, да побараме промени, што се однесува до отпадот и да дојдеме до еден притисок да се случи раскинување со италијанскиот партнер. Најголемиот проблем е тоа што во оваа депонија се гори секаков вид на ѓубре“, изјави Тони Никушевски од „За чист воздух“.
Драги Змијанац од детската амбасада „Меѓаши“ пак ги запраша надлежните органи што се гори во печките на Дрисла, дали тој отпад се декларира како отпад, дали имаат соодветни филтри и што преземаат државните органи за санкционирање