Во јули 1974-та година, Кристин Чабак, која тогаш имала 29 години, се самоубила додека читала вести во програмата на локалната ТВ страница на Флорида.
Во периодот кога се случила трагедијата, Кристин немала познати здравствени проблеми и изгледала сосема трезвено додека тој ден ги читала вестите.
Гледајќи во камерата, 29-годишната водителка рекла: „Во согласност со политиката на Канал 40 веродостојно да прикажува насилство и крвопролевање, сега ќе имате прилика први да видите уште едно нешто – обид за самоубиство.“
После тоа извадила пиштол од ташната и си пукнала во глава. Пиштолот се задимил, а косата ѝ се разлетала по целото лице. Изгледало како ветерот да ѝ ја растурил. Кристин малку се тресела, а потоа паднала со главата на столот.