Пи Диди: „Молзев крави и собирав овошје, тоа беше најубавиот период од мојот живот!“

785

Освен со музика, својата банкарска сметка ја пополнува и со бизнис со парфеми, модна линија и компанија за вотка

Пи Диди ужива во богатство од 825 милиони долари, што го прави втор најбогат рапер во светот. Освен со музика, својата банкарска сметка ја пополнува и со бизнис со парфеми, модна линија и компанија за вотка.

Сигурно ништо не му недостасува, но самиот тој откри дека еден од најубавите периоди во животот му бил едно лето, што го поминал во заедницата на Амиши во округот Ланкастер, Пенсилванија.

За време на двомесечниот престој во анабаптистката христијанска религиозна група, членовите кои живеат во затворено општество, се облекуваат едноставно и не користат модерни пронајдоци како автомобили и електрична енергија, тој молзел крави и собирал овошје, раскажува за списанието Story.

Ова е една од работите што ми помогнаа да разберам кој сум и да станам она што сум. Оваа дружељубивост е шанса да избегате, за да видите како можете да постоите без телефон, на пример. Тоа ве учи како навистина да се поврзете со другите луѓе “, признава Пи Диди.

Ѕвездата, чие вистинско име е Шон Комбс, пораснала во сиромашно соседство во Њујорк. Тој се нашол во Пенсилванија, откако неговата мајка Џенис се поврзала со The Fresh Air Fund – непрофитна организација која обезбедува бесплатни одмори на деца од социјални групи со ниски приходи.

Раперот се сеќава на деновите што ги поминал во верската заедница.

Морав да молзам крави, да собирам овошје, имав многу работа. Дали знаете дека еднаш не одведоа во црквата, таму имаше огромна трпеза со вкусни јадења и се нахранивме убаво. Тоа навистина прави да чувствувате припадност, да си едно семејство со сите овие луѓе. “