Детска снаодливост во полн сјај: Писмена задача од една реченица го насмеа Балканот

1518

Веруваме дека наставникот кој го прочитал ова не можел а да не се насмее.

Детската снаодливост е далеку позната и ретко кого остава рамнодушен. Дека децата знаат да нѐ изненадат покажало и едно дете, чија писмена задача станала хит на социјалните мрежи. 

Не знаеме дали оваа писмена задача ја напишало момче или девојче, но веруваме дека наставникот кој го прочитал ова не можел а да не се насмее.

Темата на задачата била “Реформаторската работа на Вук Караџиќ”, а ученикот го напишал следното:

“Кога станува збор за реформаторската работа на Вук Караџиќ – зборовите се излишни”.

Ученикот во една реченица го започнал и го завршил составот, а фотографијата од писмената задача го насмеа Балканот.