Нема многу вакви херои: Стариот ѓубреџија веќе 30 години одвојува од скромната плата за да им помогне на сиромашните, образувал 45 деца

776

58-годишниот Жао Јонгџин, ѓубреџија од конески Шенјанг, три децении одвојувал од својата плата за да им помогне на сиромашните деца се образуваат.

Секој ден, овој Кинез ја напушта својата куќа во 4 и пол наутро, а се враќа во 9 навечер. Месечно заработува околу 350 долари, што не е приближно доволно за пристоен живот, но дел од тој скромен износ го дава на деца кои не можеле да влезат во училиште и да си дозволат образование. Секој месец тој одвојува една третина од платата. 

Се верува дека за околу 30 години донирал околу 24.750 долари, благодарение на кои се образувале 45 деца.

И кога самиот минувал низ тешки моменти, никогаш не помислувал да престане со оваа пракса.

Со години работел како чувар во една фабрика, а кога во 2006-та година добил отказ, нашол работа како ѓубреџија. И покрај малата плата, секогаш одвојувал дел во хуманитарни цели.

“Ако сите луѓе се како овој ѓубреџија, светот ќе биде подобро место”, гласел само еден од коментарите на оваа приказна која се проширила на кинеската социјална мрежа “Veibo”.