Нов ѕвер на европското небо: Франција и Германија прават ловец од шеста генерација! Еве како ќе изгледа

784

Министерките за одбрана на Франција и Германија, Флоренс Парли и Урсула фон дер Лајен, потпишале договор за изведување на конструкторски работи за изградбата на ловец од шеста генерација.

Договорот бил склучен меѓу европскиот концерн “Airbus” i францускиот “Desol Aviation”, пишува порталот “Defence News”. 

Работата ќе почне во рамките на проектот “Future Combat Air System”.

Цената на двегодишниот договор се проценува од 65 до 74 милиони долари.

Како што се претпоставува, авионите до 2040-та година ќе ги заменат застарените француски ловци од четвртата генерација “Рафал” и германскиот “Еурофајтер Тајфун”.

Претходно од “Airbus” соопштиле дека перспективниот европски ловец ќе има стелт-технлогија, можност за брзо предавање на податоци и контрола со помош на вештачка интелигенција, системи за автоматско распознавање на мети, како и ласерско оружје.