Спорна ситуација го одбележа првото полувреме на натпреварот меѓу Шкендија и Вардар. Гостите од Скопје бараа еден ефектен гол да биде признат, додека судиите оценија дека топката не ја минала гол-линијата, пишува „Гол.мк“.
Акцијата тргна од Фелипе, а топката заврши кај Најдовски, кој испрати „бомба“ од 40 метри, која со помош на пречката, а потоа и со удар од земјата, ја остави мрежата недопрена. Но, од друг агол, јасно се гледа дека топката удира зад линијата, а потоа го напушта голот.
Како и да е, судиите не реагираа на протестите на вардарци, а коментар немаше ниту од помошниот судија од зад голот.