Како двајца Унгарци го поразија големиот “Red Bull”

2110

Почнале како мала семејна компанија со 20 вработени, а денес унгарскиот бренд енергетски пијалаци “Hell Energy” е меѓународна компанија во која работат 200 роботи.

Сопственици на компанијата се браќата Ерно и Зсолт Барабас, кои во родниот град Мишколц на североистокот на Унгарија продавале бомбони и чоколади, па, за да го прошират портфролиото на своите производи, почнале да продаваат и енергетски пијалаци. 

Со оглед на тоа дека се покажало како добра одлука, почнале да произведуваат свои енергетски пијалаци.

“Знаевме дека доаѓаме во многу конкурентен пазар во кој доминира австриската компанија, која всушност ја создаде категоријата енергетски пијалаци”, велат во компанијата “Hell Energy”.

Сепак, со оглед на тоа дека своите пијалаци ги продавале многу евтино, немале проблем со привлекување на потрошувачи на унгарскиот пазар. Со тоа, секоја година вадат два нови производи, односно вкусови на пијалаци, за на потрошувачите да им пружат што поголема понуда.

“Поповолни сме и тоа е нашата предност. Покрај тоа, имаме широка понуда на производи, од кои ниеден не содржи конзерванси и адитиви, па така се и поквалитетни”, се пофалиле од компанијата.

Дека нивната бизнис стратегија се покажала како успешна, зборува и фактот дека “Hell Energy” за помалку од четири години станал водечки бренд за енергетски пијалаци во Унгарија, каде за тој бренд се одлучуваат повеќе од 40 проценти од консуматорите на енергетски пијалаци, додека вториот на листата, “Red Bull”, го купуваат нешто повеќе од 3 проценти Унгарци.