Семејството бара помош од граѓаните: Исчезнат е Војислав Марковски

960

Вчера, во текот на попладневните часови исчезнат е Војислав Марковски.

Тој има деменција и го нема од 16 часот вчера. Исчезнат е во Ново Лисиче, кај трговскиот центар Лиса, но според неговите блиски би  можел да е било каде низ Аеродром или Ново Лисиче, или пошироко. Облечен е во црни тренерки и црна јакна, а носи и црна спортска капа.

Доколку имате било какви информации, блиските замолуваат да ги контактирате на следните телефонски броеви.
075221993 или 075322677