Турција спроведува досега невидена поморска вежба на три мориња, најголема во својата историја. Ова е воедно и прв пат воздухопловните и копнените сили на Турција да учествуваат во воена вежба од вакво ниво.
Четиридневната вежба “Сина татковина”, која вклучува 103 морнарички бродови, почнала во средата во Црното море, Егејското море и источниот Медитеран истовремено, давајќи и можност на Турција да ја покаже својата неодамна унапредена флота, која вклучува повеќе неколку јуришни чамци и фрегати, корвети, чамци за лов, рударски чамци и подморници, а тука се и дроновите од домашно производство, “Бајкарат” и “АНКА”, и ловечките авиони.
“Ништо не може да се направи на Медитеранот без Турција”, изјавил минатата седмица министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Медиумите потсетуваат дека во спорното подрачје на источниот Медитеран, кај брегот на турскиот дел на северен Кипар, биле откриени огромни гасни наоѓалишта. Се очекува дека ова ќе поттикне нови тензии со Грција.
Турција исто така ја вознемирила НАТО алијансата, објавувајќи во вторникот дека потпишала договор за купување на противракетни системи S-400 од Русија, и покрај американските напори да ги убеди да купуваат американски систем “Патриот”.