Полицаец ја шокираше Франција: Употреби солзавец против човек во инвалидска количка

984

Француското обвинителство отвори истрага во врска со инцидентот во кој полицаец употребува солзавец против човек во инвалидска количка кој учествува на протестите на „Жолтите елеци“.

Полицаецот употреби солзавец против демонстрантот во инвалидска количка за време на 16-та седмица од одржувањето на протестите на „Жолтите елеци“ во Тулуз, град на југот на Франција.

На снимката која што се прошири на интернет може да се види како демонстрантот во жолт елек се движи со количката веднаш зад полицаецот, кој што се врти и прска со солзавец во правец на лицето на човекот.

Во телефонски разговор за локална телевизија, овој човек, кој се претставил како Паскал Буре, изјави дека имал намера да помине покрај полицаецот за мирно да го напушти протестот и да си оди дома.

Како што пренесува новинската агенција „АП“, тој изјавил дека има намера да поднесе и приватна тужба против полицаецот.