Ова е Чехот кој шетал лав на ланец и го чувал како миленик: Неговиот Фуфи го распарчил и остатоците ги фрлил во својот кафез

901

Покрај лавот Фуфи, имал и лавица, а планирал и негово потомство.

Распарченото тело на својот син Михаил Прашек во местото Здечов на истокот на Чешка го пронашол неговиот татко во кафезот на лавот, заклучен од внатре. Полицијата веднаш била повикана на местото на несреќата, а утврдено било дека Прашек бил распарчен од неговиот домашен миленик – лавот Фуфи, стар 9 години.

Неговиот татко веднаш повикал полиција во околу 6 часот наутро, кога го видел телото на својот син внатре во кафезот. Кога пристигнала полицијата, имала задача да дојде до тоа што останало од Прашек, кој бил чуван од два лава – лавот Фуфи и лавицата. За да ја спроведат својата мисија, морале да ги застрелаат ѕверовите.

Прашек го купил Фуфи во Словачка и го чувал како домашен миленик во семејната куќа од 2016-та, а му набавил и партнерка, лавица која планирал да ја пари со Фуфи. Близината на дивите мачки ги вознемирувала мештаните на тоа мало место, па неколку пати дошло до судир со полицијата поради чувањето на тие мачки како домашни миленици.

Чехот во минатото бил казнуван поради незаконско чување на животните, но не постоеле докази дека лавовите биле на било кој начин злоставувани. Бидејќи немало ни алтернативно сместување за нив, ѕверовите не можеле да бидат принудно отстранети од неговиот имот.

По судирот со мештаните и надлежните, забранил пристап на својот имот. Својот добар однос со животните Прашек го споделулвал на Фејсбук.

Минатата година Прашек ја извел лавицата на прошетка, а притоа на неа налетал еден шокиран велосипедист. Тој случајот го пријавил во полиција, а се било опишано како “сообраќајна несреќа”.

Како што пренесува “BBC”, лавот и лавицата живееле во одвоени кафези во дворот на куќата.