Руралното гратче во западна Куба е најпознато по фабриката на тутун, лежерниот начин на живот и карактеристични варовнички брда во долината Винјалес.
Винјалес претставува совршена комбинација на природни убавини и традиционалната кубанска култура.
Се наоѓа на само два часа возење од Хавана, така што е релативно лесно да се дојде до него. Тоа е совршена дестинација за викенд патувања или еднодневни посети.
Животот во Винјалес претежно се врти околу земјоделието, така што посетата на фабриката на тутун би требало да биде неизоставен дел од туристичките патувања.
До неа е најдобро да се дојде со коњска кола или јавање коњ низ долината, каде, освен уживањата во убавините на раскошната природа, можно е да се види и како живее локалното население.
И покрај тоа што станува збор за мало гратче, Винјалес е навикнат на туристи, а мештаните се исклучително љубезни. Ќе најдете многу продавници, ресторани, хотели, па дури и ботаничка градина.
Можете да ја посетите и пештерата Свети Томас, најголем систем од пештери во Куба. Посетителите можат да ја разгледаат пешки, или обиколат со моторен чамец.
Доколку барате единствено место кое ќе го овековечите на фотографија упатете се до Праисторискиот мурал, насликан директно на варовничките карпи, пишува „Хафингтон пост“.