Британскиот парламент ги отфрлил сите 8 опции за Брегзит: Земјата во ќорсокак, еве што следува

743

Британските пратеници вчера гласале за осум различни опции за Брегизт, но ниедна не добила доволна поддршка во парламентот кој се обидува да најде алтернатива за договорот кој премиерката Меј го договорила со ЕУ, а кој пратениците веќе 2 пати го отфрлиле.

Меѓу опциите за кои се гласало било напуштањето на ЕУ без договор, останувањето во царинската унија и единствениот пазар на ЕУ, ставање на било каков договор за напуштање на Унијата на референдум, како и поништување на Брегзит, ако излегувањето од ЕУ без договор остане реална опција, пренесува “AP”.

Најголема поддршка добил планот за останување во царинската унија и по Брегзит.

Пратениците планираат да го намалат списокот на опции за кои повторно ќе гласаат во понеделник.

Предлогот за царинска унија со ЕУ е одбиен со 272 гласа против и 264 за, додека повикот за референдум пропаднал со 295 наспроти 268 гласа.

Министерот задолжен за Брегзит во британската влада, Стивен Баркли, рекол дека резултатите го засилиле ставот на премиерката Тереза еј дека нејзиниот предлог договор со ЕУ е “најдобра опција”.

Тој на пратениците им рекол е јасно дека не постои едноставен пат и излез од ситуацијата, јавува “BBC”.

За алтернативен план кој подразбира “блиско ускладување’ со единствениот пазар и заштита на правата на работниците гласале 237 пратеници, а против 307.

Пет други предлози, меѓу кои и поддршката за излез без договор, таканарачениот план за заеднички пазар 2.0, предлогот да се остане во Европскиот економски простор и да се сопре процесот на Брегзит со укинување на членот 50, исто така не добиле поддршка од повеќето пратеници.

Британските пратеници планираат да ја скратат листата на опции за Брегзит и за нив повторно да гласаат во понеделник.

Парламентот на Велика Британија гласал денес со убедливо мнозинство за одложување на Брегзит до 12-ти април или до 22-ри мај.