Поранешниот судија и поранешен претседател на окружниот суд во градот Ставропољ, Јуриј Макаров, е лишен од посебниот статус и имунитет откако се појави видео во кој тој стои покрај гола жена.
Оваа одлука ја донела квалификационата комисија во Ставропољ. Минатото лето на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како една гола жена излегува од автомобил и купува шампањ во продавница на бензинска станица.
Таа била во придружба на маж кој изгледа како Макаров, кој ја снимал со мобилен телефон. Откако видеото се проширило на интернет, судијата побарал престанок на овластувањата, објаснувајќи ја својата одлука како резултат на, според него, “неоправдано негативните реакции од страна на луѓето”.
Човекот најпрвин тврдел дека не е тој на снимката, но потоа изјавил дека ја спасил девојката која стоела гола на улица. На 21-ви август, судскиот совет во Ставропољ едногласно ја одобрил пријавата на Макаров.