Се огласи првиот човек на Јувентус: Ја откри ситуацијата на Роналдо

867

Кристијано Роналдо се уште се опоравува од повредата која ја заработи за време на мечот помеѓу Португалија и Србија, а неговиот настап во 1/4 финалето од Лигата на шампионите против Ајакс се уште е под знак прашалник.

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели во една изјава за медиумите се осврна на Кристијано Роналод за неговата моментална ситуација.

„Роналдо е добар. Кога станува збор за неговото враќање на теренот, наша среќа е што имаме 25 квалитетни играчи на кои може да сметаме. Секако кога тој е на теренот тоа ни дава дополнителна сигурност, но кога станува збор за ваква повреда, не смееме да ризикуваме бидејќи мора да мислиме на иднината. Следните три месеци се доста важни од еден меч“Ањели.