Џелат на ИСИС бил на платениот список на ЕУ: Унгарија го обвинува Брисел, оттаму порачуваат – Сè е во ред!

849

Унгарската влада бара од Европската комисија да објави дали знаела дека Сириецот осомничен за тероризам добил припејд банкарска картичка по доаѓањето во ЕУ, изјавил денес портпаролот на владата, Иштван Холик.

Тој денес на прес-конференција рекол дека адвокатот на осомничениот неодамна ги потврдил наводите дека неговиот клиент, Хасан Ф, кој бил уапсен минатата година во Будимпешта, примил припејд дебитна картичка, пренесува унгарската агенција MTI.

И покрај тоа, Европската комисија и натаму инсистира дека “анонимните картички за мигрантите” не претставуваат опасност, рекол Холик.

Тој навел дека портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто, на почетокот на неделата рекла дека не постојат анонимни мигрантски картички, бидејќи комисијата знае каде се дистрибуираат картичките и нивниот статус се проверува на месечна основа.

Ако навистина станува збор за тоа, тоа отвара важни прашања, рекол Холик и додал дека Унгарската влада сака “знае дали Брисел бил свесен дека финансира Џелат на Исламската држава”.

Луѓето исто така сакаат да имаат јасна слика за тоа што се случува, изјавил портпаролот, додавајќи дека многу Европејци биле огорчени што Брисел ги “користел мигрантските картички за финансирање на терористи”, пренела агенцијата.