Со доаѓањето на пролетта полека, но сигурно и на кожата и се враќа стариот сјај, а доколку сакате во целост да блеска вашето лице треба да направите третман се со цел да ги намалите борите и да го подобрите тенот. Како предлог во соработка со „Бјути бар“ ние ви предлагаме да направите класичен третман на лице или хигиенски третман е наменет за темелно чистење на кожата.Тоа подразбира задолжителен механички пилинг,масажа и лимфна дренажа на лицето,вратот и деколтето.Постапката изгледа вака:
- Чистење на кожата
- Пилинг на лицето
- Парење на кожата под вапазон
- Чистење на лицето од акни
- Серум за затварање на порите
- Маска во зависност од типот на кожата
- Хидратација на лицето со нанесување на хидрантна крема според типот на кожата
Придобивките од овој третман се состојат во тоа што после третманот кожата е чиста,со зголемена циркулација на крв во поткожното ткиво,ги намалува борите,ја зголемува влажноста на кожата,го зголемува колагеното ткиво,го подобрува тенот.
Закажете го вашиот термин на 070 666 221, вашето лице ќе ви биде благодарно!