Екипата на Веспрем без сериозни проблеми се пласираше во 1/4 финалето од Лигата на шампионите откако повторно, сега на домашен терене славеше на Спортинг Лисабон.
Македонскиот репрезентативец во редовите на тимот од Унгарија, Дејан Манасков одигра одличен меч и постигна четири погодоци.
Сепак еден од нив двои и поради тоа се најде во очите на ЕХФ, но и на цела Европа. Имено Манасков постигна гол со шут од зад грб, доста атрактивно за око.