Водителката од српската телевизија Пинк, Деа Ѓурѓевиќ сè уште закрепнува од сообраќајната несреќа во која налетал автобус и ѝ ја откинал раката.
Како што пренесува српскиот Курир, минатата недела е пренесена на одделот за интензивна нега во ВМА, на клиничкиот центар во Србија, а нејзиното закрепнување добро се одвива.
Овие денови во болницата ја посетил сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ, па Деа објавила селфи со него.
„Најсилни сме“, напишала таа.
Moja Deica, je sve bolje i bolje i uskoro se vraća na posao, jedva je ubedih da ne dolazi u subotu da brani Pink! Ljubav naša! pic.twitter.com/06QCTsY21R
— Željko Mitrović (@zeljkomitrovic) April 2, 2019
„Мојата Деа е сè подобро и подобро и наскоро се враќа на работа“, напишал Митровиќ на Твитер, после посетата.