Терористот од Нов Зеланд е обвинет за 50 убиства и 39 обиди за убиства

776

Полицијата на Нов Зеланд ја прошири тужбата против австралискиот екстремист Брентон Тарант кој во нападот на две џамии во Крајстчрч уби 50 луѓе.

Тарант е првично обвинет за убиство, но судијата рекол дека бројката на тужби ќе се зголемува. Сега е обвинет за 50 убиства и 39 обиди за убиства.

Австралиецот првпат на суд се појави во саботата на 16 март, не се изјаснил за виновен ниту побарал пуштање со кауција.

Со себе имал најмалку 6 пушки

Да се потсетиме, 28 годишниот Тарант на 15 март влегол во џамијата Ал Нур во 13:30 часот кога се одвиваат попладневните молитви на муслиманите и започнал да пука. Испукал повеќе од 100 куршуми само во внатрешноста на џамијата, а со себе имал најмалку 6 пушки. Напаѓачот после седум минути возел до следната џамија во преградието Линвуд во која го продолжил масакрот.

36 минути после првата дојава за нападот бил уапсен во возилото во кое, според полицијата имало импровизирани експлозивни направи.

Нападот, кој премиерката Џасинда Ардерн го опиша како терористички чин е најгрозоморното злосторство во Нов Зеланд со што безбедноста се зголеми на повисоко ниво.