Анкара со контраултиматум: САД мора да изберат меѓу Турција и терористите

799

Турскиот потпретседател, Фуат Октај, изјави денеска дека неговиот американски колега мора да избере меѓу сојуз со лојален партнер на НАТО или да заземање страна со терористите откако Мајк Пенс ѝ даде ултиматум на Анкара да ги одбере американските Ф-35 наместо руските системи С-400, пренесува РТ.

„САД мора да изберат дали сакаат да останат на сојузник на Турција или ќе го ризикуваат нашето пријателство со здружување со терористите за да ја поткопаат одбраната на еден сојузник од НАТО против неговите непријатели?” напиша на Твитер Октај како одговор на барањето на Мајк Пенс, потпретседателот Фуат Октај.

Турскиот официјален претставник не објасни за какви „терористи” зборува.

Анкара е во судир со Вашингтон поради воената поддршка што им ја дава на сириските курдски милиции, кои се прогласени за терористички организации во Турција.

Освен тоа, турскиот имам Фетулах Ѓулен, кој е во самонаметнат егзил во САД и чија мрежа Турција ја обвини за заговор задржавен удар за 2016 година, исто така ги поткопува односите меѓу двата сојузници од НАТО.

Претходно во средата Пенс побара од Анкара да избере дали сака да остане критичен партнер на НАТО или да го загрози членството во сојузот со несовесни одлуки како што е купувањето рускисистеми за воздушна одбрана С-400 .

Турција, која е витален партнер во програмата Ф-35, уште еднаш ги потсети САД во средата дека купувањето на С-400 е завршена работа.

„Системите С-400 нема да бидат интегрирани во системот на НАТО”, рече турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во средата, залагајќи се за формирање техничка група која ќе погрижи системот на воздушна одбрана да не претставува закана за Ф-35 или за другите НАТО-системи.

Тој, исто така, навести дека прашањето, најверојатно, ќе се реши меѓу претседателот Доналд Трамп и турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган.