Циклонот „Кристијан“ доаѓа кон Скопје: Ќе донесе врнежи и нестабилно време

896

Циклонот „Кристијан“ кој се формираше ширум Европа во текот на следниот период ќе услови крај на сушата во Македонија, а со тоа и стишување на пожарите кој периодов и тоа како ја зафатија државава.

Тој за време на викендот ќе услови зачестување на врнежите иако во сабота сеуште ќе бидат со слаб до умерен интензитет и локални по карактер. Меѓутоа од недела доцна попладне и навечер истите ќе се интензивираат и прошират насекаде и локално ќе бидат поинтензивни па така ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог, ќе има услови и за локална нестабилност проследена со грмежи.

Ќе дува умерен, на повеќе места и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој локално на моменти ќе достигнува брзина од над 60 км/час додека пак на високите планини ќе има врнежи од снег.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и тоа за околу 7 до 10 степени.