Тасевски: Нажален татко ќе ви влезе со калаш и бомби, нема да можат да ве состават

2980

„Само три години затвор за оној што мртов пијан прегази девојка на Партизанска и тоа на пешачки премин. Апелација ја намалила првичната пресуда за триипол години. Знаете што сакате? Да почнеме сами да го земаме законот у свои раце. Тоа изгледа сакате мамицата… Некој нажален татко еден ден ко ќе ви влезе со калаш и бомби, нема да можат да ве состават. Која е поентата? Родителите останаа без дете, а тој убиецот пак ќе биде на улица и ќе смее да вози по една година. За каква правда зборувате?“, напиша Тасевски.