Победа за Европско првенство: Македонија, конечно, го освои Исланд!

969

Македонската ракометна репрезентација направи огромен чекор кон пласманот на Европското првенство во 2020 година откако славеше на гостувањето кај Исланд со 34-33.

Исклучително израмнетиот натпревар го одлучи Дејан Манасков со гол во последната секунда. Тој имаше удар од седум метри кој го одбрани противничкиот голман Густафсон, но топката се одби до Манасков кој од втор обид донесе победа.

Исланѓаните ја имаа иницијативата во поголемиот дел од мечот, водеа со 3-4 гола разлика, но на полувреме беше 17-17. И во вториот дел домаќинот го диктираше темпото, но се до 45. минута кога Македонија се разигра и прејде во водство.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Дејан Манасков со осум гола. Со оваа победа Македонија се израмни со Исланд со по четири бода, но има натпревар на домашен терен против истиот ривал. Денешниот меч беше дебитантски за Данило Брестовац на клупата на националниот тим.